Досегашниот стратег на Кротоне, Џовани Стропа, денеска стана шестиот тренер кој доби отказ од почетокот на оваа сезона во Серија А.

Италијанскиот прволигаш ја прекина соработката со 53-годишниот Стропа по вчерашниот пораз од Каљари со 2:0, што за Кротоне беше шести натпревар во серија на кој не освои бод.

Стропа ја презеде екипата на Кротоне во јуни 2018 година, но беше отпуштен во октомври истата година, откако собра девет бодови на 11 натпревари. Само два месеци подоцна, Кротоне повторно го врати на клупата Стропа, кој следната сезона со екипата избори прволигашка промоција.

-Завршува едно убаво и интензивно патување што траеше речиси три години, но без тешки моменти, и кулминација со историскиот пласман во Серија А, соопшти попладнево Кротоне.

За негов наследник е назначен 62-годишниот Серсе Косми.