Одделението за внатрешни работи од Дебар, поднесе крвична пријава против жител од селото Присојница, општина Маврово и Ростуше за сторени две кривични дела утврдени при сообраќајна контрола.

-Поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „фалсификување исправа“ и „употреба на исправа со невистината содржина“, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против З.А.А.(41) од селото Присојница, општина Маврово Ростуше, изјави Стефан Димоски, портпарол на Секторот за внатрешни работи од Охрид.

Додаде дека при извршена сообраќајна контрола на 13 декември минатата година, пријавениот на полициските службеници им покажал италијанска возачка дозвола на која, по преземени мерки било утврдено дека се направени нелегални исправки и корекции во годината на нејзината важност.

Димоски исто така информираше дека продолжуваат полициските контроли за почитувањето на мерката за носење заштитна маска.

Во изминатите денови од месецов,според него, издадени се дваесеттина платни налози за непочитување на оваа мерка за спречувањето на ширењето на Ковид-19, додека во првите два месеца од годинава околу 150 платни налози.


Администратор
04/03/2021 17:30