Во текот на февруари тетовската сообраќајна полиција на подрачјето од своја надлежност бележи откриени и санкционирани 1787 разни видови сообраќајни прекршоци, што претставува за 33 повеќе во однос на истиот месец во 2020 година.

Во минатомесечните контролни активности, поради констатирани прекршоци од сообраќај биле исклучени 143 возила.

– Најмногу од исклучените возила (73) имале вградени неатестирани фолии, 42 биле со истечена регистрација, а кај 28 возила била констатирана техничка неисправност. Минатиот месец, исто така, од сообраќај биле исклучени и 188 возачи, од кои 117 управувале без возачка дозвола, 14 под дејство на алкохол, 51 возачи-почетници, 2 со несоодветна категорија и 4 со важечка забрана за управување, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во текот на февруари, исто така, поради истечена регистрација повеќе од шест месеци биле времено одземени 14 возила. Откриени и санкционирани биле и 507 пречекорувања на максимално дозволената брзина, во и надвор од населено место.

На сите прекршители им се изготвени поднесоци, односно платни налози, како и 267 писмени опомени.


Администратор
04/03/2021 20:09