Триесет и шестгодишен неготинец денеска пријавил во Полициската станица Неготино, дека синоќа околу 20.00 часот, триесет и двегодишник од Кавадарци и уште две непознати лица, со употреба на сила, го однеле во угостителски објект во село Глишиќ, Кавадаречко.

Како што информираше денеска Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес, неготинецот рекол дека кавадарчанецот физички го нападнал и му се заканувал со остар предмет со цел расчистување на долг кон него.

Се работи на расчистување на случајот.


Администратор
04/03/2021 22:30