Откако на фејсбук беше прозван претседателот на Стопанската комора Бранко Азески од страна на Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски дека нападите кон опозицијата ги темели само на лагите на Битиќи и Бесими, Азески му одговори и му посака на Мицкоски побрзо оздравување.

- Господине Мицкоски, Ви посакувам побрзо оздравување и закрепнување затоа што моето искуство за кое пишувате ме научило да го почитувам слоганот на нашата најуспешна компанија „Здравјето пред се“. После тоа има време и за аргументи, искоментира Азески.