Докторот Игор Николов, преку својот фејсбук го повика министерот за здравство Венко Филипче да се одважи и да прифати ТВ дуел со него, поради како што вели, „цветањето на рози“ во здравството во Македонија при секое негово гостување на телевизија.

- Перцепција е дека во здравството цветаат рози. Перцепција е дека добро се справуваме со кризата. Немаме вакцини, но успешно ја менаџерираме пандемијата.

Ситуацијата е под контрола, но ќе ја реактивираме Модуларната болница и клиниките во зградата Интерна медицина.

Имаме голема смртност, но сме оценети како едни од најподготвените за справување со пандемијата.

Министре, до кога ќе избегнувате дебати и ќе се самофалите дека добро се справуваме со пандемијата.

Ве поканувам да размениме мислења и да продискутираме каде сме и до каде не доведовте.

Охрабрете се, пишува Николов.