Секретарот за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Ѓорчев одговарајќи на новинарски прашања во врска со акцијата на МВР за заплена на дрога истакна дека Македонија со Заев на власт стана Колумбија на балканот.

- Македонија стана Колумбија на Балканот со Зоран Заев неговата влада и неговите министри. За жал наместо да се отвораат фабрики во Македонија, Македонија стана број еден извозник, Колумбија на Балканот кога станува збор за извозот на дрога. Вчера беа запленети 700 килограми наменети за Грција произведени во Македонија. Колку само не се фатени транспорти, колку килограми и тони поминале а никој не ги видел. Пред два месеци во Ново Село Струмица на граничниот премин беа фатени 100 килограми наменети од Македонија за Бугарија. Пред неколку месеци беа украдени 2 тони дрога, 2 тони дрога произведени во Јосифово Валандово а кои што беа најдени во Арачиново. Имаме ситуација во која што млади луѓе се убиваат со автомати на улица не знаеме од кои причини но факт е дека има небезбедност. Пред два дена имавме убиено луѓе со автомати во автомобил и тоа веќе не е вест. За жал во овој „Заевистан“ кој што ни се случува немаме отворени фабрики, немаме добри вести, немаме вакцини. Има убиени луѓе има извоз на дрога, има плантажи на марихуана од семејството на премиерот и има секојдневно умирање од корона. Тоа е ужасот во кој што живееме, искоментира Ѓорчев.