Актуелниот стратег на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, кој во минатото со голем успех ја предводеше екипата на Барселона, беше меѓу првите кои му ја честитаа победата на Жоан Лапорта на претседателските избори во каталонскиот клуб.

„Честитки, Жоан!. Честитки, претседателе! Да живее Барселона!, напиша Гвардиола на својот профил на Твитер.

Лапорта победи на вчерашните избори за претседател на Барселона, освојувајќи 54.28 отсто од гласовите.

За 58-годишниот адвокат тоа ќе биде втор мандат на чело на Барселона, откако претседателската функција ја извршуваше во периодот од 2003 до 2010 година.