Како што дознаваме од медиумите, Владата на Република Македонија, по препорака на Комисијата за заразни болести, на денешната седница донесе одлука од утре, од 22.00 часот до 05.00 часот наутро, на целата територија на РМ да воведе полициски час, како причина да се ограничи можноста за ширење на вирусот.

Тргнувајќи од ова, коалицијата АлтернАнативА и Алијанса за Албанците смета дека оваа одлука е надвор од секоја логика, имајќи предвид дека досега угостителските објекти и рестораните се затвораа во 21.00 часот. Ако мерката изолација не е преземена во месеците октомври-декември 2020, кога се постигна врвот на новозаразени и смртни случаи, кому му служи сега ова изолација, и дотолку повеќе, и после 22.00 часот? Само ако е некој план за слободно транспортирање на забранети материи, како што се наркотиците кои се "крадат" често од магацините на МВР, бидејќи – во спротивно – и така државата после 21.00 часот е речиси во целосна изолација.

По се изгледа, оваа влада уште еднаш докажува дека нема соодветна стратегија за борба против вирусот Ковид 19, затоа несериозноста за обезбедување на вакцини против Ковид 19 сака да го покрие со ново исмејување со граѓаните. Така, наместо имунизација на населението, владата одлучува за нејзина изолација.

Како и да е, несакајќи да веруваме дека ова одлука е вовед на планираните ограничувања за месец Рамазан, коалицијата АлтернАтивА и Алијанса за Албанците предлага Владата да не ги попречува муслиманските верници од семејните ифтари и другите верски обреди, кои и до сега се одвиваа со почитување на предвидените мерки и протоколи.

КОАЛИЦИЈА АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ И АЛТЕРНАТИВА