Предлогот на Заев за техничка влада во која тој ќе ги определува нејзините членови од опозицијата, а тој самиот да остане премиер е сламка за спас на Зоран Заев и доказ дека нема ништо ниту од стабилното мнозинство кое лажно го најавуваше во Парламентот ниту пак е способен да постигне резултати во било која област.
Зад овој предлог на Заев се крие желбата за амнестија на неговиот криминал. Бледи и неуверливи се басните дека Заев сакал широка коалиција бидејќи требало реформи во администрацијата.
Заев е 4 години власт во државава, и наместо реформи администрацијата остана и се збогати со партиски вработувања, гнездо на корупција и непотизам.
Во исто време додека вели дека ќе правел реформи на администрацијата, има отворено огласи за стотина нови партиски вработувања меѓу кој и во неговиот кабинет.
Над 130 нови договорни вработувања се предвидени и во Градот Скопје, што значи станува збор за целосно измислена причина.
Реформите Заев ги најавуваше и на последните избори, а првото нешто по изборите неговиот вицепремиер Љупчо Николоски го вработи неговиот чичко во Агенцијата за цивилно воздухопловство за плата од 60 илјади денари.
Јасно е дека Заев бара широка влада која ќе може да сподели одговорност за крахот во здравството и економијата, да сподели одговорност за нов капитулантски договор со источниот сосед и да овозможи амнестија за криминалот.
ВМРО-ДПМНЕ не прави пактови со криминалот и првото нешто што ќе се случи е одговорност на сите што се огрешиле.
Нашиот став со кој претходно настапивме е техничка или експертска влада која ќе организира локални и предвремени избори.