Дисциплинската комисија на Серија А донесе одлука да суспендира тројца тренери поради нивното однеснување во минатото коло.
Тренерот на Парма, Роберто Даверса е суспендиран на два натпревари бидејќи „упатил сериозни навреди на сметка на судиите“. Покрај него, казнет е и тренерот на лидерот на табелата Интер, Антонио Конте, со еден натпревар суспензија бидејќи на дуелот со Аталанта доби жолт картон, додека третиот тренер кој е казнет е Серсе Косми од Кротоне.
Косми нема да може да го предводи својот тим против Лацио поради „богохулење“ кое го открија членовите на дисциплинската комисија. Засега не е познато што кажал Косми за да добие суспензија од еден натпревар.