Катастрофална и ужасна е одлуката на Зоран Заев да оди по секоја цена на политички попис за да ги исполни коалиционите барања кои што ги презеде за време на формирањето на Влада.
Тоа е огромен ризик за јавното здравје, луѓето ќе умираат, луѓе ќе се гушат, луѓе ќе одат по погреби само затоа што Зоран Заев решил да направи попис по секоја цена.
Разумно е пописот да се одложи една година, за тоа што Македонија е земјата која што има најмногу починати по глава на жител во светот и најмалку вакцини во светот.
Неодговорно е попишувачите да одат секој ден во стотици и стотици домови, да се шири заразата, а луѓето да умираат.
Тоа е катастрофална, нехумана, нечовечка одлука на Зоран Заев и неговите министри.