Реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите меѓу Манчестер Сити и Борусија Менхенгладбах ќе се одигра на 16 март на Арената Пушкаш во Будимпешта, потврди УЕФА.
Рестрикциите за патување во Велика Британија е причината за одлуката да се игра на неутрален терен.
Фудбалерите на германскиот клуб не смеат да патуваат во Англија, па се бараше алтернативно решение, а Фудбалскиот сојуз на Унгарија излезе во пресрет.
Сити има предност од 2-0 од првиот дуел, кој исто така беше одигран во Будимпешта.