Драго ми е што Царинска управа се одважи и призна дека луѓе блиски до Љупчо Николовски шверцале тутун.

Но признанието не е доволно, очекувам ефективни казни за сите вклучени во нелегалната трговија и увоз на тутун. Не може тутунарите да немаат за леб, а некој да прави милиони на нивен грб.

ЈО да ја испита вклученоста и евентуалната помош, која шверцерите ја добиле од функционери во власта.

Не може 5 шлепери со тутун да поминат на граничен премин, фирмата да нема лиценца за трговија и пуштање во промет на тутун и тутунски производи, Царинска управа да дозволи поминување и за тоа само да се виновни некој царинарници или полицајци.

Овде смрди. Но смрди од главата!

Одговорност ќе има. Ништо не трае вечно. Наскоро доаѓа време за одговори!