Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски во изјава при посетата на општина Гази Баба околу написите во весникот „Ла Верита“ поврзани со набавката за вакцини истакна дека тоа е огромен скандал кој што власта пробува да го стави под тепих, обидувајќи се да потпишат договор со фантомски фирми што е предзнак дека сакале да заработат многу пари од вакцините кои населението едваj ги чека.
„Ова е еден огромен скандал, ова е скандал кој што знаете тие велеа дека се една транспарентна влада но пробуваат некако под тепих да го стават сето ова, знаете излегоа многу информации шпекулации во весниците во медиумите но власта гледа некако да се извади од сето ова и слушнавме едно бедно соопштение или изјава дека не се потрошиле пари за ова. Но тие пробале, тоа е најголемиот проблем тие пробале преку фантом компанија некоја од Хонг Конг или не знам од каде, која што не работи воопшто со фармација, со вакцини, да набават вакцини. Зошто тоа го направиле? Што сакале да постигнат? Знаете дека има и едно писмо пратено од министерот Венко Филипче до таа компанија дека штетата од вакцините се разбира дека ние ќе ја превземеме како население независно какви се тие вакцини, има и друг проблем зошто Кина како држава ги одби, што е пречката јас сакам одговори да слушнам од оваа корумпирана власт што е целта, јас еднаш во минатото кажав дека секогаш кога сакате да земете голема количина на овие вакцини мора да потпишете договор со компанијата, односно државата како држава мора да потпише договор со компанијата, зошто пробувале оваа власт или неколкумина од власта да потпишат некои договори со фантомски фирми и дали е тоа предзнак дека сакале да заработат многу пари од вакцините што населението едвај ги чека. Тоа се прашања што треба да дадат одговори овие од власта но јас ќе им кажам една работа, да внимаваат што кажуваат и да не претеруваат со лажење бидејќи уште многу работи допрва ќе испаднат“, истакна Мисајловски.