Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на својот фејсбук профил објави видео со две различни изјави на Претседателот на Република Македонија Стево Пендаровски дадена вчера на интервју и изјава на премиерот Зоран Заев дадена за медиумите пред една недела а која се однесува на набавките на вакцините.

- Кој повеќе лаже? Премиерот или Претседателот?

Факт е дека Македонија, освен неколкуте илјади донирани, уште не виде ниту една вакцина од било кој произведувач.

#Оставка на најнеспособната Влада!, коментира Мицкоски.