Крис Вајлдер отстапи денеска од тренерското место во Шефилд Јунјатед, оставајќи ја екипата последно пласирана во Премиер лигата и со мали шанси да избегне преселба во англискиот Чемпионшип на крајот од сезоната.

Шефилд Јунјатед сезонава забележа само четири победи во Премиер лигата, а саботниот пораз на домашен терен од Саутемптон од 2:0 ја закотви екипата на последното место на табелата со 14 бодови, дури 12 помалку од зоната која обезбедува опстанок.

Вајлдер (63) го презеде клубот за кој навива од детството во 2016 година, кога беше 11-то пласиран во Третата лига и за само три години го врати Шефилд Јунјатед во Премиер лигата.

Минатата сезона екипата под водство на Вајлдер заврши деветтопласирана што беше највисок пласман на Шефилд Јунјатед во Премиер лигата во последните 28 години.