Јужноафриканскиот милијардер Патрис Моцепе е избран денеска со акламација за претседател на Африканската фудбалска конфедерација (CAF).

Рударски магнат, чие богатство се проценува на 2.9 милијарди долари и зет на јужноафриканскиот претседател Сирил Рамафоса, Моцепе доаѓа на местото на Ахмад Ахмад, кој, во меѓувреме, доби двегодишна забрана за работа во фудбалот поради финансиски малверзации.

Моцепе по изборот на Генералното собрание на CAF во Рабат во присуство на претседателот на ФИФА Џани Инфантино, го нарече првиот човек на светскиот фудбал „брат“ и му се заблагодари на „визијата и поттикнувањето единство“.