Јавното обвинителство молчи за шверцот на 5 камиони тутун преку Деве Баир, на фирмата „Студенац Шпед“ на Димче Тројановски, кој пак е близок пријател на Љупчо Николовски и градоначалникот на општина Крива Паланка.

Фирмата блиска до Николовски направила нелегален увоз на тутун уште пред една година. Иако немала дозвола за трговија и пуштање во промет на тутун и тутунски производи го внела тутунот преку граничен премин Деве Баир.

Скандал од невидени размери е што Царинската управа призна, внимавајте призна дека е направен нелегален увоз, а пријателот на Николовски наместо да оди под истрага тој продолжува да го работи својот бизниси.

Замислите луѓе лежат во затвор за шверц на десетина штеки цигари, а пријателот на Николовски кој направил шверц на 5 камиони се шета на слобода.

Затоа одговорност мора да има. Не само кај цариниците кои биле на смена, за шверц на 5 камиони не може да се изведе без амин од највисоките структури во Царинската управа и врвот на државата. Не може да се случил шверц на 5 камиони, а Љупчо Николовски да не знае. Дали Љупчо Николовски ја искористил позицијата и поднел кривична пријава или го штити Тројановски, и дали можеби и тој е дел од целата зделка и има некаква корист?

ЈО мора веднаш да отвори истрага. Ова е скандал рамен на шверцот на нафта и цигари во 90 –тите кон Србија.

Затоа одговорност мора да има веднаш и мора да има за сите!