Полковникот Драган Ковачки на својот фејсбук профил ја искоментира објавената информација во јавноста од страна на Македонската информативна агенција, повикувајќи се на извори во Министерството за одбрана дека е казнет со 6 месеци по една третина од плата.
Тој вели дека еднаш комисија од генерали утврдила дека не сторил дисциплински прекршок, но потоа Шекеринска формирала партиска комисија со намера по секоја цена да биде казнет. Ковачки додава и дека Решение за дисциплински прекршок нема добиено но дека Шекеринска ќе добие кривична пријава за злоупотреба на службената положба.
- Ау каков непрофесионализам.
Да дознаам од медиуми дека Шекеринска ме казнила 6 месеци на плата а не сум примил никакво решение.
Еве ја вистината: Значи, ми наместија дисциплинска постапка за која комисијата составена од генерали веќе се произнесе дека нема елементи за казна (!!!), но Шекеринска дополнително си формира своја комисија во која дури има и лица кои се помали по чин од мене и внимавајте: без НИЕДЕН доказ донела Решение за да ме казни на плата.
Чист аматеризам и своеволие.
Сега ќе си добиете по една тужба и тоа што сте го објавиле ќе мора да го докажете, ама не пред партиска комисија, туку пред Суд. А ќе ја повикам и јавноста да го следи процесот.
Срамота, Шекеринска на што се симнавте.
Политички гледано, ова е дискриминирачки и очајнички обид на Шекеринска преку злоупотреба на службената позиција и на целосно незаконски начин да го спречи Уставно загарантираното право за јавно изразување и критика на јавните функционери, вклучително и на нејзините поразителни и популистички политики во одбраната.
Во моментов, ова е една од темите што е сосема неважна и служи исклучиво за дефокус од неспособоста и алчноста за пари што косат човечки животи.
Јас ова ќе ви го порачам:
Вашите казни и закани само ме мотивираат и докажуваат дека сум на прав пат.
Не може да ме казните за тоа што сум Ви укажал дека сте прекршиле закони.
Можете да казнувате и да се заканувате, но за злоупотреба на службена положба се одговара и кривично.
Се гледаме на Суд, одберете си добар тим правници, коментира Ковачки.