Нова анкета за состојбата со рејтинзите на македонската политичка сцена објави „Јуроп електс“.
Според нивното истражување, ВМРО-ДПМНЕ ја зголемува предноста пред СДСМ, додека рејтингот на власта за само 6 месеци власт во вториот мандат е во драстичен пад, односно нивниот рејтинг се намалил за цели 4% во период од пола година.
Според оваа анкета спроведена на почетокот на март со 1109 испитаници, ВМРО-ДПМНЕ води кај гласачкото тело со 34,7 проценти и има предност од речиси 3% пред СДСМ за која се одлучиле 31,9% од граѓаните.
ДУИ е трета на листата со 10,4% доверба, потоа следи коалицијата АА-ААА со 8,9%, Левица 6,6% и БЕСА 1,7%.