Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на својот фејсбук профил објавува „ексклузивни“ информации од „истрагата“ по запленетиот путер. Тој вели дека македонските органи се насочени кон откривање и заплена на домашен леб, лут буковец и вегета.

- ЕКСКЛУЗИВНО ИНФО! Неименувани, ама упатени извори од Владата брифираат дека после успешната акција на Љупче Николовски при што заплени ПУТЕР, сега истрагата ја насочил кон заплена на ДОМАШЕН ЛЕБ, односно според оперативни сознанија се бара кои баби го испекле најдобриот тазе леб во едно неиеменувано село, а паралелно од кабинетот работат и на заплена на ЛУТ БУКОВЕЦ и ВЕГЕТА. Неофицијално, Заев се понудил за поголема успешност на акцијата да врти и во тајни служби. Со сите овие намирници и путерот, во понеделник, цела Влада ќе има организиран доручек, со што акцијата ќе ја прогласат за успешно завршена. П.С. Вие сте лудаци сите до еден, открива Арсовски.