30 за Синофарм, 30 за Вицето. Ова е планот за набавка на вакцини во главата на Заев и Филипче. Македонија од грабеж ја спаси само добрата намера на кинеската влада, која недозволила арамилук на сметка на народот.
Документите кои се објавија во јавноста потврдуваат:
1. Филипче овластил фантом фирма да преговара во име на Македонија.
2. Фантом фирмата има провизија од 100%.
3. Министерството за здравство префрлило на име на фантом фирмата 12.5 милиони долари.
4. Фантом фирмата има основачки капитал од само 1.000 евра.
5. Фантом фирмата има само 3 вработени.
Заев и Филипче да кажат како оваа фантом фирма ги уверила дека ќе ги набави вакцинити? За после да испадне дека не може.
Заев и Филипче ќе одговараат за ненабавката на вакцини, поради што го загрозија јавното здравје, а живот изгубија стотици луѓе.