Во седиштето на Фудбалската федерација на Македонија попладнево беа извлечени двојките за полуфиналето во националниот куп.

Двојките се: Македонија Ѓ.П. – Академија Пандев и Струга Трим Љум – Силекс.

Ќе се игра само еден натпревар, без реванши.

Натпреварите се закажани за 7 април со почеток во 15 часот.