Вечерва претседателот на Патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Пандов гостуваше во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија каде што посочи дека Заев и Филипче преку набавка на кинески вакцини сакале граѓаните да ги ограбат за 6 до 8 милиони евра.
„Кина е и повеќе од озбилна држава. И кај Кина и кај Русија државните лаборатории, државните институции ги измислиле вакцините. Од тука самата држава полага сметка. Секаде преку кинеските амбасади се стапува во контакт со министерство за надворешни работи на Кина и тоа е легален пат. И тоа сигурно и нашата власт го знаела, не може Венко да не знаел. Притоа да напоменеме дека Османи како министер за надворешни работи вчера или завчера се огради, и Артан Груби како вицепремиер се оградија дека тие појма немале што прават Заев и Филипче“, истакна Пандов.
Пандов додаде дека самата власт односно самите Заев, Филипче па дури и Шекеринска обелоденија дека авансот од Кина им е вратен за вакцините.
„Официјална цена на една кинеска вакцина е од 20-30 долари, притоа ако се вратени 12 милиони, а само 200.000 дози ние очекувавме, тоа значи дека според Филипче и Заев една кинеска вакцина е над 60 долари“, појасни Пандов.
Пандов посочи дека ден – два по враќањето на авансот за вакцини, Заев почна да најавува дека биле опоменати дека не може да се оди преку нив и ќе започнале преговори преку по официјален пат и ќе се набават 400.000 вакцини. Зошто? За тоа што ако купуваш по легален пат тогаш не може да плаќаш вакцина 50 долари, а реално чини само 30 долари.
„Сега кога се открија матните зделки на Заев и Филипче одеднаш Македонија не чека 200.000 кинески вакцини туку сега чека 400.000 вакцини“, нагласи Пандов.
Пандов рече дека Заев и Филипче преку набавка на вакцини планирани да ги ограбат граѓаните за околу 6 до 8 милиони евра.
„Нејасно е зошто Љупчо Николовски како човек за висока корупција не реагира, туку путер извади дека запленил околу 30 килограми само. Зошто и обвинителството не реагираше“, запраша Пандов.
Пандов додаде дека за ваква неодговорност која чини човечки животи треба под итно власта да си одговара.
„Заев и Филипче за ова дебело ќе одговараат. Бројките за починати граѓаните се официјални, ова не се измислици на ВМРО-ДПМНЕ како тие што тврдат“, рече Пандов.
Пандов посочи дека Пендаровски го демантираше Филипче во една дебатна емисија дека нема се уште порачано вакцини од „Фајзер“.
„А власта како што планира со по 2.000 да вакцинираат, тогаш три години ќе ни требаат за да се постигне бројката милион и двесте илјади, колку што треба за да имаме 60-70% вакцинирани граѓани Ова е страшно“, нагласи Пандов.
Пандов рече дека додека Македонија има по илјада заразени на ден и по дваесетина починати, не треба да се помисли на попис.
„Дури и докторите, здравствените работници апелираат попис да не се одржува бидејќи сите најавуваат дека пандемијата ќе земе многу поголем замав токму во април. Бројките се очекуваат во април да бидат се поголеми, и како во таква ситуација попис да се одвива, тоа нема логика“, укажа Пандов.
Пандов додаде ако власта го спроведе политичкиот попис тогаш ќе имаме огромен кластер попис.