Собранието, во суштина, е блокирано бидејќи мнозинството не може да го обезбеди мнозинството. Улога на опозицијата е да им покаже на граѓаните како е кога сакате да функционирате со таква форма на мнозинство, кога не водите соодветен дијалог, кога имате такво мало мнозинство праќате и пораки за политичко обединување, истакна пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во емисијата „200“ на Алсат телевизија запрашан зошто опозицијата го блокира функционирањето на Парламентот.
Тој истакна дека за него не е дијалог решенијата кои што ги нуди власта во форма на земи или остави, туку парламентарните групи треба да седнат и да се договорат и да дискутираат со цел да донест закони кои се важни за граѓаните.
„Обврската примарно е кај извршната власт. Дајте да седнеме ние како пратенички групи во Собранието, да видиме што можеме да направиме за економијата, па да дебатираме, да направиме заеднички закон. Дајте да видиме во делот на здравството што треба да направиме еден заеднички закон да направиме. Не може од Владата да ви сервираат земи или остави решенија, да се покажува многу мал капацитет за прифаќање на амандманите и после, бидејќи опозицијата дебатира, опозицијата поднесува амандмани, опозицијата не се согласува, опозицијата да е таа која што го блокира собранието. Опозиција не е мнозинство“, истакна Муцински.
Тој појасни дека тоа што во моментот се случува во Собранието е еден нормален парламентаризам, затоа што, ако погледнеме што се случи по парламентарните избори, имаме Влада со свое парламентарно мнозинство, формирана со 62 пратеници, што е многу мало мнозинство.
„Таа Влада, тоа мнозинство ја прифати реалноста да владее со потесен мандат. Ние во Собранието имаме различни начини на делување. Има закони кои што опозицијата ги поддржувала, посебно законите кои што се поврзани со заштитата на здравјето на граѓаните, четвртиот пакет економски мерки, сега и петтиот пакет економски мерки кој што ќе даде директна помош за нашите компании. Иако е тоа мал број на закони, таму каде што имаме консензус, дека мора да се помогне на граѓаните еднострано, афирмативно дејствува опозицијата, таков однос нема од партиите од мнозинството, појасни пратеникот Тимчо Муцунски.
Тој истакна дека има друга група на закони за кои во Собраните има несогласувања и дискусија и за кои ВМРО-ДПМНЕ поднела суштински амандмани, кои мнозинството во ранг на статистичка грешка прифатило некои од нив, кој додава дека за коалиција која што има толку мало мнозинство, тука малку треба да го преиспитаат нивниот начин на поставување на дијалог во Собранието. Пратеникот вели дека во Собранието има една друга категорија на закони за кои опозицијата поднесува голем број на амандмани, бидејќи тие се законите и мерките кои што ние сметаат и веруваат дека може да создадат штета на правниот и на политичкиот систем. Тоа што опозицијата реално бара, а власта треба да го прифати е да седнеме и да го одложиме закажаниот попис за во септември. Ова барање на опозицијата треба реално и трезвено да се прифати, бидејќи се наоѓаме во момент на најголема здравствена криза, вели пратеникот во македонското Собрание од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцински. Тој во вечерашната емисија „200“ која се емиитува на телевизија Алсат појасни дека одложување на пописот треба да има, затоа што примарен аспект е здравјето на граѓаните, што со одењето по домовите тоа е загрозено. Муцунски додава дека сите се согласни дека е жално што во Македонија 20 години не е спровед попис на населението и дека тој и е неопходен на државата и затоа тие како ВМРО-ДПМНЕ, во услови на пандемија со корона вирусот, побараа да се спроведе електронски попис. „Бидејќи јас сметам дека во оваа ситуација на пописот, примарниот аспект е здравјето на граѓаните. Сите се согласуваме дека е жално што во последните 20-тина години во Македонија немало попис. Тоа ни е потребно пред се да носиме и ние поквалитетни закони во Собранието. Сите се согласуваме дека треба попис, затоа ние го понудивме решението за електронски попис“, истакна Муцунски, кој децидно додаде, кога веќе се оди на теренски попис во ваква епидемиолошка ситуација, рационалната одлука е негово одложување.