СДСМ Денес мислевме дека Костадин М. Костадинов на прес-конференција ќе излезе да каже што бара е Љупчо Путерот Николовски во Дубаи и колку чини луксузното патување на Рашковски во Мексико во Канкун.
Но, наместо тоа, Костадин М. Костадинов излезе на прес-конференција со целосни измислици и конструкции. Тоа што лажат не е ново, но ново е што не одговараат на прашањето што барал Зоран Заев во еден скопски ресторан заедно со министерот за правда, адвокат и обвинителка каде што јавно договарале како да се заташка аферата „Рекет“. Се друго претставува голо политикантство.
Костадин М. Костадинов е одлепен од реалноста во која граѓаните се на работ на нервите поради тоталниот распад на системот, исто како што се одлепени и Рашковски и Путер Николовски кои среде пандемија и полициски часови заминаа во Мексико и Дубаи да одморат од ловењето путер и злоупотребите со набавките на грбот на граѓаните.