Претседателот на Полска Андреј Дуда потврди денеска дека идната недела на фудбалерот Роберт Левандовски ќе му биде врачено највисоко државно одликување.
Најдобриот стрелец и фудбалер на светот за 2020 година, 32-годишниот Левандовски, кој со Баерн Минхен минатата сезона освои шест трофеи, в понеделник во претседателската палата во Варшава ќе биде одликуван со крстот „Полонија Реститута“, еден од највисоките ордени во Полска.
Левандовски, како што е соопштено, ќе биде одликуван за „исклучителни спортски достигнувања и промоција на Полска во светот“,