Венко Филипче, престани да се криеш зад разрешување и почни да преземаш одговорност. Зад скандалот со вадењето на органи на родилката од струшката болница, е виновен и системот на чие чело си ти. Потребна е одговорност, ако Филипче сака вистинска разрешница на случајот со родилката од Дебар, која ќе придонесе ваквите случаи да не се повторат никогаш повеќе.

Наместо само разрешување, да иницира органите на правдата да покренат постапка за чинителите, неиземајќи се и лично тој како прв бел мантил.

Разрешувањето во овој случај е само замачкување на очи, со цел да се стиши револтот во јавноста. Поради хаосот во здравството кој го создаде СДСМ се повеќе граѓани се плашат да отидат во болница.

Ова е скандал и е вина на системот, доколку казните изостанат, ваквите немили настани ќе станат секојдневие.

Очекуваме вистинска разрешница на случајот и оставка на Венко Филипче.