Како Љупчо Путерот и Рашковски, си го зголемија имотот по стапување на функција, за еден одмор трошат пари колку еден стан?

Половина милион граѓани живеат со по 2 евра на ден. Народот буквално мизерува и јаде леб и маргарин, додека Љупчо Николовски – Путер и Драги Рашковски трошат десетици илјади евра за одмор на луксузни дестинации како Дубаи и Мексико.

55.000 луѓе останаа на улица, а Љупчо Путерот и Драги Рашковски за еден одмор потрошиле 100 тина нивни плати.

6.200 фирми се затворени. Се помалку бизнис можат да се пофалат дека имаат позитива во работата, а Љупчо Путерот и Драги Рашковски за неколку дена за одмор даваат пари колку што чини еден стан.

Од каде им десетици илјади евра на Љупчо Путерот и Драги Рашковски, кога имаат само една службеничка плата од 60.000 денари?

Колку пари треба да имаш за да заминеш на одмор од 20.000 евра?

Ќе одговорат ли Љупчо Путерот и Драги Рашковски од каде им пари за овие луксузни одмори.

Одговори можеби нема, но одговорност ќе има!

Оставки веднаш!