Ако власта продолжи со ова темпо на Македонија ќе и требаат веројатно 45-50 години да го вакцинира населението, ваква неспособност не е забележана никаде во светот, вакцини добија и Јужноафриканските земји, а Македонија е сеуште е единствена земја во регионот која не набави вакцини, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Јован Јаулески, утрово на Радио Лидер.

Јаулески вели дека СДСМ изгледа не живее во реалноста, му замеруваат на ВМРО-ДПМНЕ дека ни било криво што СДСМ склучил договор со сите производители на вакцини, но ајде да видиме кои се тие, со кого имаат договор, кога ќе бидат истите испорачани, кога ќе стигнат, како ќе биде извршено вакцинирањето никој не знае, рече Јаулески.

Срамота е да сме една од земјите со најголема смртност, и голем број на новозаболени на милион жители, само вчера имавме 1300 новозаболени и 24 починати лица, тие се нечии блиски лица, како ВМРО-ДПМНЕ предложивме да се формира експертска комисија која ќе ја менаџира пандемијата, но тоа не беше прифатени од власта, посочи Јаулески.

Јаулески вели дека на секој граѓанин му е важно неговото здравје, па по тоа имунизацијата мора да се изврши во најбрз можен рок, а и мора да се санираат последиците кои произлегуваат од кризата, затоа што од економски аспект имаме над 6000 фирми кои се затворени како последица од кризата, на 55.000 изгубени работни места, 500.000 граѓани кои живеат на раб на сиромаштијата, а економските пакети на мерки не се доволни, вели Јаулески.