Власта на Заев секогаш за својата неспособност обвинува друг. Тоа веќе и нивните членови го увидоа. Оттука обвинувањата на Каевски и СДСМ дека ВМРО-ДПМНЕ им е виновно за недонесените пакет мерки е класична лага.

Фактите покажуваат дека СДСМ намерно ја лаже јавноста.

Мерките кои владата на Зоран Заев помпезно ги најавуваше на 17-ти февруари како итни мерки за справување со последиците од пандемијата, Талат Џафери како престедател на Собранието ги ставил на дневен ред дури на 23-ти март, веројатно во координација со владејачкото мнозинство и неговите коалициски партнери од СДСМ.

Толку од фамата која СДСМ сака да ја наметне на јавноста дека некој наводно го кочи Собранието и пакет мерките.

Дополнително владејачкото мнозинство на почетокот на март наместо за носење на мерките Собранието го свикуваше да му го чува стравот на Заев и да манифестира наводна сплотеност, а пакет мерките ги остави да чекаат.

Толку од лицемерната грижа за граѓаните и стопанството која СДСМ ја манифестира.

И на крајот, но не помалку важно, СДСМ ваквото одлагање на носењето на пакет мерките за цел месец го направи затоа што државниот буџет немаше пари, па мораа да се задолжуваат со еврообврзница од 700 милиони евра и со низа други начини да го поднаполнат за дури потоа да ги гласаат.

Толку од блескавата економска политика која Заев и неговата влада ја водат. Граѓаните гледаат дека оваа власт ниту има капацитет, ниту е одговорна ниту знае како да се справува за кризата. Единствено кое СДСМ и владата на Заев знае да го прави е да бара виновници во други за своите неуспеси и грешки.