Професорката и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова на гостувањето на телевизија Алфа во емисјата „Заспиј ако можеш“ се осврна на актуелната состојба укажувајќи дека излезот е само во експертска влада.

„Ако имавме минимална разлика меѓу партии, големи предизвици, криза, нефункционален парламент, тогаш треба да се преземе нешто, ама тоа не е гласање на доверба како што направи Заев“, рече пратеничката Силјановска.

Според неа Заев на чуден начин бара доверба и потоа вели ајде широка колаиција, е тоа не е во ред.

„Велат широка колаиција, без лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Тој е премиерот во сенка, не може без него. Начинот на кој Заев тоа го пласираше па после рече и дека не мислел така, значи не разбирање на демократијата“, рече Силјановска.

Во ваква ситуација ВМРО-ДПМНЕ бара експертска влада.

„Експертска влада во која министри ќе станат вистински експерти, зошто, за да внесеме знаење“, кажа Силјановска.

Силјановска се осврна и на претосјниот партиски конгрес на СДСМ укажувајќи дека Заев е исплашен.

„Јас социјалдемократијата не можам да ја препознаам, ми личи на неолиберални чекори. Сепак во една социјалдемократска партија треба да има идеологија, како и во сите, ама кај нив не ја гледам“, рече Силјановска.

Според Силјановска оваа власт е делигитимирана.

„Оваа гарнитура на власт не може да дојде до позиции, делегитимирана е. Тоа е тестот кога ќе заборавите на личното и партиското добро, и ќе гледате за добро на граѓаните“, рече Силјановска.