Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, искажа пофални зборови за Ерилнг Халанд по денешната жрепката во Лигата на шампионите, по која неговиот тим во четвртфиналето за противник ја доби Борусија Дортмунд.
– Бројките зборуваат сами за себе. Халанд е еден од најдобрите напаѓачи во светот на негова возраст. Бројките се импресивни. Ги знам неговите квалитети и мислам дека секој знае, но за две недели ќе можам подобро да одговорам. Дортмунд е тежок противник, но сите преостанати екипи би биле такви. Мора да разбереме каква е Борусија како тим, да имаме добар прв натпревар, а потоа и втор. Имаме две недели да ги анализираме нивните натпревари, тоа е сè, изјави Гвардиола.
Манчестер сити е лидер во Премиер лигата, додека Борусија Дортмунд е петта на табелата во Бундеслигата.