Неотповиклива оставка на должноста поднесе денеска претседателот на Фудбалската федерација на Србија (ФСС) Славиша Кокеза, кој неодамна беше сослушан од полицијата поради сомневање за наводна поврзаност со екстремни навивачи на белградски Партизан, обвинети за серија убиства, киднапирања и трговија со дрога.
Соопштувајќи ја одлуката, Кокеза наведе дека оставката ја поднесува соочен со лажни обвинувања и брутален атак врз неговата личност.
-Се повлекувам од местото претседател на ФСС за да можам целосно да се ставам во служба на правдата и вистината, изјави Кокеза кој застана на чело на ФСС во мај 2016 година.
Дел од српските медиуми, повикувајќи се на извори од истрагата, објавија неодамна дека Кокеза при полициско сослушување за наводни тесмни врски со криминлната група на Вељко Беливук, бил испрашуван и за наводна вмешаност во подготвување атентат врз српскиот претседател Александар Вучиќ.