Германскиот играч за врска Тони Крос ги напушти подготовките на националниот тим поради повреда на адукторот и нема да настапи против македонската репрезентација на 31 март во Дуисбург во рамки на квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар.

Претходно, Германците во квалификациската група Ј ќе играат против Исланд, на 25 март, и Романија, три дена подоцна.

Германската фудбалска асоцијација објави на својот твитер профил дека Крос пристигнал на подготовките повреден и оти веќе е на пат назад кон Шпанија.

Крос викендот беше двоен асистент во триумфот на Реал Мадрид над Селта Виго од 3:1 во рамки на шпанското првенство.