Италијанскиот фудбалски прволигаш Фиорентина го назначи денеска Џакомо Јакини за нов тренер, пет месеци откако стратегот беше отпуштен од клубот од Фиренца.

Јакини се врати во Фиорентина како наследник на Чезаре Прандели, кој вчера поднесе оставка по серијата лоши резултати. Фиорентина на последните 11 месеци под негово водство забележа само три победи

Фиорентина, која му врачи отказ на Јакини на 9 ноември, денеска го потврди враќање, илустрирајќи го тоа на својот твитер профил со видео од неговиот прв тренинг со екипата.