Откако денеска, одговорајќи на новинарски прашања Претседателот на владата Зоран Заев во однос на пописот во дијаспората истакна дека наместо да се чукаат во гради за Македонија да направат патриотски потег и да се попишат, со коментар на социјалните мрежи излезе и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Тој наброја најмалку 5 работи кои се попатриотски отколку попишување на политички попис.

Покрај:

⁃ навремената набавка на вакцини;

⁃ креирањето на издржани мерки за стопанството;

⁃ враќањето на работа на над 50.000 оставени без работа;

⁃ борбата со криминалот и корупцијата;

⁃ носењето инвестиции во Македонија и отворањето на нови работни места;

нему пописот му бил патриотски!

Во коментари, кажете му на Премиерот што е патриотизам, за да знае, коментира Мицкоски.