Главниот кочничар во работата на Собранието е владејачкото мнозинство на Зоран Заев. ВМРО-ДПМНЕ не ги блокира законите, туку работи во интерес на граѓаните и никогаш нема да ги загрози македонските интереси.

ВМРО-ДПМНЕ побара од Собранието на денешната седница каде и така има предвидено пратенички прашања, пред да почне собраниската седница за пратенички прашања да се закаже собраниска седница со дневен ред со четирите закони кои се од интерес за граѓаните, стопанството и поврзани со кризната состојба, или поточно: Одлуката за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба поради корона вирусот и измени на законите за финансиска поддршка на работодавачите, финансиска поддршка на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од корона кризата и измените на Законот за данокот на личен доход.

Иако поддршката од Владата е мала и недоволна за фирмите и граѓаните, сепак истата ќе биде поддржана од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ веднаш да престане со манипулации и незрело однесување, граѓаните не смеат да бидат заложници на неспособната Влада.