Јавно го повикувам премиерот Заев на тет-а-тет средба на место и време кое тој сака и кое тој ќе го одбере, да разговараме за сите теми важни за граѓаните, истакна Мицкоски во неговото гостување на вестите во Телевизија Сител.
- – Да разговараме за сите оние проблеми кои се од животно значење. Од кризата со пандемијата до работата на парламентот. За се она што отворено во моментов и стои на маса. Ќе се прилагодам на времето кое тој ќе го одбере, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека сака буквално да разговара за се.
- Од вакцини, здравствена криза, технички, експертски, широки влади, економска состојба, меѓународни односи, избори, сакам да разговараме буквално за се, додаде Мицкоски.