Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) соопшти денеска дека спорниот момент со непризнатиот гол на мечот меѓу Србија и Португалија можел да да биде избегнат доколку двете федерации пред мечот се договориле да биде користена гол – технологија.
– Одлуката за користење на гол – технологијата во европските квалификации е на домаќините на секој од натпреварите. Доколку домаќинот сака да биде користена технологијата, исто така, мора да добие писмена согласност од гостинската федерација, соопшти УЕФА.
Србија и Португалија одиграа во саботата во Белград 2:2 во рамки на мундијалските квалификации, а гостите жестоко реагираа кон холандските судии за непризнатиот гол што капитенот Кристијано Роналдо го постигна во завршните моменти од натпреварот.