Фудбалерите на Силекс ќе играат во финалето на Куп на Македонија, откако попладнево во полуфиналето ја совлада Струга Трим Лум со 1:0.

Стрелец на победничкиот гол за гостинскиот тим беше Ристе Каракамишев во 81. минута.

За Силекс ова е четврто куп-финале, Струга остана без својот прв пласман во завршницата.

Противникот на кратовски Силекс во мечот за трофејот на 19-ти мај ќе биде струмичка Академија Пандев, која вчера на гостински терен ја совлада Македонија ЃП со 3:1.