Денес Заев потврди дека економската програма имплементирана од СДСМ само надолу ја влече македонската економија.

Во услови кога падот на индустриското производство за првите два месеци од 2021 година изнесува цели 14%, во услови кога имаме 55.000 нови невработени лица во 2020 година и дополнителни 4.700 за првите два месеци од 2021 година, Премиерот Заев укажува дека економијата била стабилна и зборува за позитивни ефекти од преземените мерки.

Падот на индустриското производство е речиси во сите дејности односно од производството на храна, до производство на опрема, машини и возила.

Градежништвото во јануари забележа двоцифрен пад. Но како и ќе забележи раст со проектите на Зев и Шилегов за рушење?

Според управата за Јавни приходи, повеќе од 10% од фирмите немаат исплатени плати за февруари. Зарем тоа се позитивни ефекти од мерките на Заев и неговата криминална Влада.

Стапката на инфлација веќе во март 2021 година надмина 2%, при особено висок раст на маслото за јадење од 15%, трошоците за домување од 4,5% (со најголем придонес на растот на цената на струјата од 7,5%) и висок раст на хотелските и ресторанските услуги.

Инфлација над 2% значи дека наскоро Централната банка ќе мора да презема мери за нејзино намалување. Овие мерки се болни и ќе значат дополнителен пад на Бруто домашниот производ.

Висок раст на цените очигледно ќе продолжи и ќе се забрза во услови на пораст на суровините на светските берзи и опоравувањето на кинеската и американската економија. Маслото за јадење е важен инпут за производството за храна, што значи цените во 2021 година сигурно ќе достигнат највисоко ниво во изминатите 10 години.

Ваквиот раст на цените во целост го покри и вештачкиот раст на платите (раст кај високите плати, при големи отпуштања дава раст на просечна плата), односно граѓаните се соочуваат со зголемени трошоци за живот.

Во вакви услови, каде здравството е пред колапс со 50 починати на ден, кога 60.000 наши граѓани ги изгубија работните места, а дополнително повеќе од 10% немаат земено плата, во услови кога пропаѓаат банки и кога со очигледниот криминал на фирмите од Струмица никој не смее ни да помисли да се занимава, Премиерот Заев излегува на прес и вели дека економијата се стабилизирала.

Земајќи во предвид дека и двоецот Филипче - Заев за здравствената криза постојано не уверуваа дека состојбата е под контрола и стабилизирана, „можеме” да бидеме спокојни и да веруваме дека економските резултати на Владата се одлични и стабилизирани.


Администратор
08/04/2021 15:30