Времето сончево со слаб до умерен ветер од северен правец. Утринската температура ќе биде во интервал од -6 до 1, а максималната од 8 до 17 степени.

Во Скопје, сончево со мала облачност и со слаб северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 14 степени.

Следува период на стабилно време со пораст на дневните температури. Утринските во следните два дена на повеќе места ќе бидат негативни и под просекот за овој период од годината.


Администратор
09/04/2021 00:49