Играчот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор е прогласен за фудбалер на неделата во Лигата на шампионите на УЕФА.

Бразилецот постигна два гола на првиот четвртфинален натпревар со Ливерпул (3:1) одигран пред три дена.

За наградата беа номинирани и напаѓачот на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе, играчот за врска на Манчестер сити, Кевин де Бруин и играчот за врска на Челзи, Жоржињо.