Александар Николоски, Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, преку социјалните мрежи открива нов нарко криминалец кој добил македонски пасош од Министерството за внатрешни работи.

Станува збор за Луј Волина, осуден во Шпанија за трговија со дрога.

„Луј Волина, македонски државјанин со ‘традиционално‘ македонско име веројатно крстен на дедо му е осуден во Шпанија во 2020 година поради трговија со дрога. Нема нарко-бос на кој не му дале македонски пасош. Оставки и одговорност!“, напиша Николоски на Фејсбук.