Премиерот Зоран Заев на Фејсбук изрази сочувство по повод смртта на принцот Филип, војвода од Единбург, кој почина денеска.

– Во име на сите граѓани и во име на Владата на Република Северна Македонија, изразувам длабоко сочувство до Нејзиното Височество Кралицата Елизабета II, нејзиното семејство и граѓаните на Обединетото Кралство за смртта на Неговото Височество, Принцот Филип, Војвода од Единбург, напиша Заев на својот фејсбук-профил.

Сопругот на британската кралица Елизабета Втора почина денеска на 99-годишна возраст и тоа го објави кралското семејство на нивниот официјален профил на Твитер.

Војводата од Единбург минатиот месец беше подложен на операција на срцето. Тој требаше да наполни 100 години во јуни.