Филипче, не фали се со донации, до каде се вакцините кои требаше да стигнат? Додека ти глумиш портпарол народ умира.
1718 лица починаа од први јануари до денеска. 1718 лица починаа додека ја чекаат вакцината, која Филипче никако да ја набави.
Благодарност до Србија, а сега и до ОАЕ, но до каде се вакцините кои Владата требаше да ги купи?
Македонија со Филипче и Заев на чело е единствена држава која има вакцинирано повеќе народ со вакцини од донации отколку со купени вакцини.
Полека се ситнат деновите и од април, а вакцини нема.
Единствен начин да излеземе од пандемијата е вакцинацијата. Со секое одлагање на овој процес народот губи.