На 11.04.2021 околу 21.50 часот во Полициската станица Центар од слобода бил лишен А.Б.(28) од Скопје, поради основано сомнение дека сторил кривично дело „тешка кражба".

Притоа тој агресивно се однесувал, со рака го скршил прозорецот во просторијата за задржување и се здобил со повреди, а лекарска помош му била укажана во Градска општа болница „Св.Наум Охридски". По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.


Администратор
13/04/2021 00:48