Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски одговарајќи на новинарски прашања во врска со обвинувањата на Костадин Костадино упатени на адреса на Потпретседателот на партијата, истакна дека пратеникот од Италија за кој од СДСМ говорат дека бил осуден воопшто и не бил во било каква мисија во Азејберџан.
- Да пред да почетокот на прес конференцијата ја погледнав изјавата на Костадин Костадинов. Морам на самиот почеток да потенцирам дека за фејк њуз креиран од кујната на СДСМ. Зошто го велам ова, еве само еден хинт ќе наведам, пратеникот од Италија за кој говорат дека бил осуден, воопшто и не бил во било каква мисија во Азербејџан за она за кое што говори Костадин Костадинов. Веднаш се гледа дека е фејк њуз, лага произнесена измислица за потпретседателот Николоски од страна на СДСМ. Она кое што морам да го апелирам до граѓаните, апелирам уште еднаш да не потклекнуваат на овие фејк њуз лаги и измислици кои што ги пласира СДСМ, бидејќи ова го пласираат единствено со намера и причина да дефокусираат од реалните афери кои што ни се случуваат во моментот, а тоа е аферата Мафија, тоа е аферата нарко картел Заеви, тоа е за оние хонорарци кои што ги криеја во владата каде што се вработени десетици и десетици роднини, синови, ќерки, партиски војници на СДСМ, и тоа е едноставно произнесено се со цел само да дефокусираат од овие реални проблеми. Така да тоа е она што имаме да го кажеме за ова, истакна Арсовски.